Осум мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во Анеси, град на француските Алпи, соопшти во четвртокот француската полиција, а животите на три деца се во опасност, пренесоа светските агенции.
Децата се на околу три годишна возраст, соопшти полицијата.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека напаѓачот е уапсен.
На социјалните мрежи почна да се шири видео од наводното фаќање на напаѓачот.
🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah
— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023
ТВ БФМ јави дека нападот се случил во парк во близина на езерото Анеси околу 9:45 часот и дека напаѓачот бил сириски барател на азил.
Се уште не се јасни точните околности на нападот.
Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот, рече францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
#Update: Just in – Video footage of the helicopter at the park in #Annecy, #France, after allegedly an suspected mass stabbing terror attack injured at least 8 minors between the age of 3-5 years old during a school trip to the park. pic.twitter.com/r21C1V8gxG
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 8, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.