Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледнору руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.