Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Според „The Athletic“, Ал Итихад останува заинтересиран за 31-годишниот фудбалер. Саудискиот клуб е подготвен да плати 234 милиони евра за Салах. Доколку се случи трансферот, тоа би можело да биде најскапиот трансфер досега. Во моментов ова е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони евра).
Египетскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2017 година. Неговиот договор е до летото 2025 година. Сезонава Салах одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 голови и имаше девет асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.