Русија двојно го зголеми производството на муниција за своите системи за противвоздушна одбрана, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува ДПА.
Шојгу ја даде изјавата за време на инспекцијата на фирми од руската одбранбена индустрија во градот Екатеринбург на Урал, соопшти Министерството.
Тој посочи дека е зголемено и производството на ракетни фрлачи за противвоздушни системи С-300 и ракетни системи Бук, кои треба да бидат ставени во употреба оваа година. Рускиот министер за одбрана не даде точни податоци за обемот на производството.
Локалните медиуми, како што пренесува ДПА, информираат дека Шојгу извршил смотра и на производството на два вооружени системи – руските ракети Искандер и крстосувачките ракети Калибр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.