Припадници на Армијата и денеска остануваат ангажирани во гаснењето на пожарите кои беснеат во Македонија.

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите, велат од Армијата.

На терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се и двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ кои вчера интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.