Шумските пожари на југоистокот на грчкиот остров Родос и натаму дивеат во познатите туристички места Киотари, Генеди и Калатос. Според проценките на властите може да бидат потребни денови за тие да се стават под контрола. Одморот стана пекол за туристите. Плажите ги заменија со спортски сали, конференци центри, училишта а многумина се на аеродромот чекајќи лет за да го напуштат Родос.

-,,Летаме за Дортмунд вечерва во 19 часот, и од Дортмунд до Минхен. Морав сам да организирам се затоа што овде никој не не чува. Јас не го разбирам тоа.”

-„Има медиуимски извештаи  за специјални летови кои доаѓаат овде. Тоа е целосна глупост. Не пристигнува ниту еден посебен лет. Бевме во контакт со амбасадата и тие самите ни рекоа дека нема да има никакви специјални летови. Ние летаме денес”.

На аеродромот, властите отворија пункт на кој без многу бирокатрија се издвааат документи, бидејќи многумина во обидот да се спасат од пламените ајзици оставиле се зад себе, вклучително и нивните пасоши.  Словачки и романски пожарникари од утрово се вклучија во борбата со пламените јазици на Родос, поради кои за време на викдентот речиси 20 луѓе, претежно туристи мораа да бидат префлрени на безбедни локации.

– „Па, одблиску изгледаше како пекол на земјата да бидам искрен. Но, само се надевам дека сите се добро”.

– „Грците со своите приватни возила не возеа до собирните места за евакуација и таму никој со часови немаше информации што ќе се случи понатаму. Луѓето беа евакуирани по море со чамци но и со автобуси. Одеднаш се слушна дека автобусите повеќе не можат да сообраќаат поради пожарите, а луѓето почнаа да паничат на плажата и почнаа да се туркаат меѓу себе затоа што сите сакаа да се качат на брод“.

Пожари има и на други грчки острови- Крв, Евија и на Пелопенез. Утрово, на крв ситуацијата е значителчно подобрена – повеќето  од пожарите во североисточниот дел на на островот се ставени под контрола кои во текот на ноќта принудија на евакуaција на 500 луѓе во 17 села. При евакуацијата помогаше и крајбежната стража на Грција за мештаните и турситите по морски пат да бидат пренесеи на безбедни места. Во текот на ноќта, наредба за евакуција беше издадена и за  четири села на југот на Евија и две села на север на Пелопонез.

Временската прогноза за денеска и утре не им оди во прилог на пожарникарите. Според најавите темепратурите ќе го достигнат 40 степен целзиусов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.