Корона вирусот повторно дивее, бројот на заразени се зголемува, а експертите предупредуваат на сосема нови симптоми.

Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болницата, а се промениле и симптомите.

Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото.

Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми:

– болки во грлото – 58 проценти
– главоболка – 49 проценти
– затнат нос – 40 проценти
– кашлица без слуз – 40 проценти
– течење на носот – 40 проценти
– кашлица со слуз – 37 проценти
– рапав глас – 35 проценти
– кивање – 32 проценти
– замор – 27 проценти
– болки во мускулите – 25 проценти
– вртоглавица – 18 проценти
– отечени жлезди на вратот – 15 проценти
– болка во окото – 14 проценти
– промени во сетилото за мирис – 13 проценти
– затегнатост во белите дробови – 13 проценти
– треска – 13 проценти
– потреси – 12 проценти
– скратен здив – 11 проценти
– болка во увото – 11 проценти
– губење на мирис – 10 проценти

Оваа фреквенција на симптоми кај заразените се совпаѓа со наодите на други истражувачи. Научниците веруваат дека ова може да покаже како вирусот се менува и мутира.

Да потсетиме, новиот сој на корона има неверојатен број мутации и го доби „прекарот“ кентаур. Се појави во десет земји ширум светот, но најголем дел е во Индија. Светската здравствена организација сè уште не го нарекува причина за загриженост, а неговото име е кентаур BA.2.75.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.