Откако адвокатскиот тим на Душко Тошиќ денеска објави официјално соопштение во кое се наведува дека тој го почитува секој сегмент од договорот за мирен и консензуален развод од неговата сè уште законска сопруга Јелена Карлеуша и дека таа упорно го прекршува со честото јавно огласување на споменатата тема, сега на својот инстаграм-профил одговор даде и самата пејачка.

ЈК беше жестока како и секогаш, а не се двоумеше да упати најостри осуди против адвокатскиот тим на нејзиниот сопруг, вклучувајќи го и него.

Комуницирањето со таблоиди и циганчењето преку весници е вистинско дно! Вистинските мажи и господа не го прават тоа. Од почит и љубов кон моите деца кои се на осетлива возраст и кои се засегнати од сето ова, нема да реагирам на овие тажни потези против мене – гласеше објавата на Јелена Карлеуша, која заклучи дека никогаш поголема болка и зло не му биле нанесени на нејзиното семејство и неа од сега.

Каков епилог ќе добие оваа сага на брачниот пар Тошиќ, останува да видиме во наредниот период.

Едно е сигурно, а тоа е дека меѓу Јелена и Душко работите веќе не функционираат како порано и дека е само прашање на време кога ќе излезат на виделина сите „валкани алишта“ и вистината за нивната врска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.