Делегација од општина Гостивар, преживеани, роднини и пријатели на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи на денешен ден во 20219 година дојдоа во село Ласкарци.

На местото каде што падна автобусот, со минута молк и цвеќе беше оддадена почит на починатите и беше порачано вакви трагедии никогаш да не се повторат.

13 февруари и по три години е ден жалост и еден од најтрагичните денови во општина Гостивар. Покрај роднините и најблиските на загинатите со нас денес се и патници кои беа повредени во оваа несреќа. Сите ние посакуваме, никогаш да не си случат вакви трагедии. Во оваа прилика сакам да искажам уште еднаш голема благодарност до жителите на Ласкарци кои први притекнале во помош и помагаа во спасувањето на повредените, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Одбележувањето на трагичниот настан ќе биде заокружено со комеморативен собир на градскиот плоштад во Гостивар, каде во 17:45 ќе бидат вклучени 16 рефлекторски светла насочени кон небо.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс, на 13 февруари во 2019 година во 16:15 часот тргна на редовна линија кон Гостивар од скопската автобуска станица. Во автобусот имаше 51 патник. По половина час возење, губи контрола и од излета од коловозот преминувајќи го автопатот, за на крај да се преврти и падне на локалниот пат кај селото Ласкарци.

Во несреќата животите ги загубија; Ерза Османи, Арсе Арсоски, Ферди Касо, Дејан Ристоски, Бесим Фетаи, Трпана Јаневска, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бобан Аврамовски, и Павле Костоски.

За овој случај во тек е судски процес во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети се шест лица за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За да заврши судењето, се чека на супервештачење, за да биде комплетирана доказната постапка.згм/са/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.