Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ приреди крштевка за своите две деца Тара (6) и Стефан (9) во манастирот Острог во Црна Гора.
Tрадиционално, Ѓоковиќ ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот. Со сопругата Јелена се венча во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно. Крштевањето го изврши српскиот патријарх Порфирије.
Децата беа облечени во бело за време на церемонијата, а Новак разговараше со патријархот Порфирије пред самата церемонија, пишува Мондо.рс.
Новак многупати има зборувано за тоа колку му значи верата, а последен пат детално зборуваше за тоа кога го освои УС Опен. Тогаш рече дека во најтешките моменти и во животот и во тенисот бара поддршка од Бога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.