Медицинскте лица се убедени дека поразот на Ѓоковиќ во Индијан Велс е поради недостатокот на една состојка а тоа е креатинот. Тој и неговата екипа во САД вооошто не го користеа овој додаток.

ШТО Е КРЕАТИН

 

Креатинот е додаток кој спортистите најчесто го користат за време на подготовките за натпревари, пред се за зголемување на мускулната маса и стекнување сила. Креатинот е „тип протеин“, природна супстанца која се складира во мускулите на луѓето и животните. Го произведува црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Доколку се користи во нормални количини, нема штетно дејство, но било прекумерната употреба на протеини, како и креатин, доведува до оштетување на мускулите, но и оштетување на срцето и бубрезите поради разградување и излачување на креатинот преку урината.Покрај неговата употреба во спортот, креатинот се користи и во медицината. особено во случаи на намалување на мускулната маса на пациентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.