Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки.
Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“.
Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.
Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.