Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори.

Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава.

Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион, напиша Милатовиќ на X.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.