Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека од неговиот избор за прв човек на опозициската партија се бара негово менување, а партијата станува се појака и пообединета.
Мицкоски, не сакаше да го коментира денешното барање на Оливер Андонов и други членови на партијата, за негова смена.
Кого? Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции. Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е се појако, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во Парламентот. За него немам што да го губам вашето време да го коментирам – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за барањето за негово менување од Андонов и Фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.