Од 14ти до 28ми октомври, во центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, секоја сабота ќе се прикажуваат детски европски филмови во рамки на настанот „Месец на детски филмови“. Настанот го организира центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево и истиот стартува од оваа сабота 14.10.2023 година со почеток од 14:00 часот, со проекција на детскиот јапонски филм „Мираи“ во режија на Маморо Хосода со превод на македонски а истиот ден следи филмот “Патешествието на принцот“ со превод на албански јазик од 16:00 и со превод на македонски јазик од 18:00 часот. Филмовите се наменети за деца над 8 години.

Предвидено е да бидат прикажани вкупно шест детски филмови според следниот распоред:

14.10.2023 (Сабота) – Детски филмови возраст 8-14 год.

/ 14:00 / “Mираи“ (со превод на македонски јазик)

/ 16:00 / “Патешествието на принцот“ (со превод на албански јазик)

/ 18:00 / “Патешествието на принцот“ ( со превод на македонски јазик)

 

21.10.2023 (Сабота) – Детски филмови возраст 8-14 год.

/ 14:00 / “Рока го менува светот“ (со превод  на македонски јазик)

/ 16:00 / “РАФИ“ (со превод  на албански јазик)

/ 18:00 / “РАФИ“ (со превод на македонски јазик)

 

28.10.2023 (Сабота) – Детски филмови возраст 8-14 год.

/ 14:00 / “Макс и бесната дружина“ (превод  на македонски јазик)

/ 16:00 / “Неверојатната приказна за Џиновската круша“ (синхронизиран на албански јазик)

/ 18:00 / “Неверојатната приказна за Џиновската круша“ синхронизиран на македонски јазик

 

Цената на билетите ќе бидат 100 денари и истите ќе може да се резервираат или купат директно во центарот за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.