Реал Мадрид синоќа го совлада Реал Сосиедад со 2:0, а двата гола беа постигнати од пенал. Од едниот беше прецизен Винисиус, од другиот – Мбапе.

Пенал за Мадрид првпат беше досуден во 58. минута. Пеналот го изведе Винисиус, кој го совлада чуварот на мрежата на Сосиедад и Реал поведе. Актуелниот шампион имаше уште еден пенал во 75. минута, а овојпат Винисиус му ја даде топката на Килијан Мбапе, кој исто така беше прецизен.

Ова е втор пат во претходните два натпревари Бразилецот на пенал да му подари топка на францускиот репрезентативец, а Мбапе му се заблагодари и го пофали Вини.

„Винисиус е одличен играч, тој прави многу за Реал Мадрид и јас сум многу среќен што можам да играм со него“, рече Мбапе и се надоврза на пеналот: „Не е важно кој ги изведува пеналите, важно е што сите четири завршија во голот од почетокот на сезоната“.

По пет одиграни натпревари Реал е на второто место со 11 бодови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.