Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе објави емотивна објава на социјалните мрежи по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1. Во неа тој им се заблагодари на тимот и играчите за љубовта и поддршката.

– Никогаш нема да ги заборавам посебните моменти што можев да ги поминам со клубот. Им благодарам на моите соиграчи и персоналот во овој посебен и престижен клуб, ПСЖ, што постојано ми дозволуваат да бидам најдобрата верзија од себе. Заминувам со крената глава, но никогаш не заборавајќи дека вечно сум ви благодарен, напиша Мбапе.

Навивачите на ПСЖ подготвија транспарент во чест на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе на натпреварот со Тулуз во 33. коло на Лига 1.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. На 10 мај тој најави заминување од ПСЖ. Неговиот договор со тимот истекува ова лето. Натпреварот со Тулуз беше последен домашен натпревар за 25-годишниот фудбалер на „Паркот на принцовите“ како дел од парижаните



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.