Зошто вака Министре?
Зошто основците имаат најмалку 180 наставни денови, а средношколците најмалку 163 и 177?
Дополнително, најавите за бомби ги заборавивте?, реагира во статус на Фејсбук проф. д-р Весна Јаневска, на измените во календарот за организација на учебната 2022/23 година.

Учебната година за основите училишта, наместо на 10 јуни оваа година ќе заврши на 14 јуни. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование поради одложениот почеток на второто полугодие.

Претходно, Владата донесе одлука второто полугодие да почне на 23 јануари, наместо на 18 јануари со објаснување дека така ќе се заштеди на греење и заштита на здравјето на учениците.

Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови, што значи второто полугодие ќе трае четири дена повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.