Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза?, парашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според укажувањата на директорката на Центарот за јавно здравје Бухова секој кој се тестира поради Ковид треба да оди во изолација, аналогно на тоа зошто Димитар Ковачевски не беше во изолација при тестирање за Ковид кое е неопходно за патувањето во Бугарија.
Тој морал за таков ПЦР тест да се тестира најдоцна во неделата, кога наместо во изолација беше пред камери и се сликаше на настани.
Направи ли Ковачевски воопшто ПЦР тест за да патува во Бугарија?
Зошто беше хајката против Пецаков, а властите молчат за Ковачевски?
Зошто СДСМ го крие позитивниот тест на генералниот секретар Миле Зечевиќ кој од 20ти е заразен со корона, а ден претходно сиреше зараза во Охрид на празникот Водици и не се придржуваше до препораките за носење на маска.
И Ковачевски и Зечевиќ ги изложиле на ризик граѓаните.
Ќе има ли конечно кривична одговорност за Зечевиќ?, прашуваат преку партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.