Вечерва во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи промоција на нова политичка партија во Македонија – движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Основач на оваа партија е Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и поранешен истакнат член на СДСМ.
Актуелниот кумановски градоначалник и идеен творец на граѓанското движење, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на промоцијата на партијата.
Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.
„Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ”, повика Димитриевски.
На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.