Али Ахмети, лидерот на ДУИ е  една од главните фигури одговорни за состојбите во Македонија, посочуваат од Движењето ЗНАМ.

Еден од најголемите соработници на КОС во бивша Југославија, Али Ахмети, да не се секира за опстанокот на македонскиот народ, најголем гарант за тоа се Македонците каде и да се’. Наместо да отвара навредувачки и националистички теми денеска кога државата се стреми кон ЕУ, нека се потруди да си го исчисти дворот во партијата од корупција и криминалот на својата фамилија, велат од ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ исто така ги критикува изјавите на потпретседателот на владата, Изет Меџити, кој го обвини движењето за национализам и антиалбанска доктрина.

ЗНАМ упати жестоки критики кон „Вреди“ и ДУИ и велат дека Македонците повеќе нема да бидат граѓани од втор ред.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија го изразува своето незадоволство од однесувањето на коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) и функционерите на ДУИ, критикувајќи го нивното непочитување на законите и Уставот на Македонија.

Во целост го разбираме однесувањето на колегите од „Вреди“ кога е во прашање спроведувањето на законите во Македонија. Понесени од досегашното самовластие на функционерите на ДУИ во институциите на македонската држава, овозможени од вазалската и неспособна власт на СДСМ, тие продолжуваат по истиот терк, демонстрирајќи моќ од позиција на власт преку прекршување на законите и Уставот на Македонија, стои во реакцијата на движењето.

ЗНАМ истакнува дека нивниот прв принцип е функционирање врз основа на почитување на Уставот и законите и дека секогаш ќе реагираат кога ќе има прекршување на истите. Дополнително, во врска со прашањата со етничките заедници во Македонија, од движењето нагласуваат дека „тие се апсолвирани преку целосната имплементација на Охридскиот Рамковен договор.“

Движењето исто така ја отфрла идејата за Македонија како бинационална држава.

Треба да престане наративот од коалицијата „Вреди“ дека Македонија е бинационална држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства, како и тенденцијата на креирање на паралелни квази институции, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.