Министерството за надворешни работи преку соопштение упати апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за, како што велат – „зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став“.

Овој апел доаѓа поради денешното отворање на бугарскиот клуб со провокативно име во Охрид.

Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите, се вели во соопштението.

На ова реагираше активистот и писател Божидар Божиновски, кој порача дека – ќе умриме во молк.

„Да се однесуваме зрело и достоинствено“ – мнр за фашистичкото дувло во Охрид
Значи во молк да прифатиме фашизам во земјава.
Прво дојдоа по социјалистите, а јас молчев. Затоа што не бев социјалист.
Потоа дојдоа по синдикалците, а јас молчев. Затоа што не бев синдикалист.
Потоа дојдоа по Евреите, а јас молчев. Затоа што не бев Евреин.
Потоа, дојдоа по мене – и немаше кој да зборува за мене…
Ќе умриме во молк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.