Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име, пишува Живко Белчев на својот фејсбук профил.
Во емисија на еден електронски медиум, Стевче Јакимовски вчера раскажува целосно измислен разговор кој јас сум го водел со Советникот од општина Илинден од ГРОМ.
Целосно го демантирам она што го кажува Стевче Јакимовски.
Со Советникот од општина Илинден освен краток пријателски разговор на средбата на обуката во Хилтон ништо друго не беше разговарано.
А кога се однесува на делот на апсење и носење со лисици, можам само да го потсетам Стевче Јакимовски кога власта го апсеше со финансиска полиција во доцните часови на таа ноќ јас бев еден од десетината луѓе кои стоеа пред зградата на Финансиската полиција за да му дадат поддршка.
На крај сакам и јавно како што тоа го сторив и во личната комуникација со Јакимовски, да го замолам да не го валка моето име во јавноста. Ниту го споменувам, ниту сакам да ме споменува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.