Жичарницата на Водно од утре ќе работи со намалено работно време за еден час. Како што информираат од ЈСП, новото работно време на жичарницата ќе биде од 10 до 17 часот.

Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот.

 

Во период од 16 – 16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март.

 

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот – се наведува во соопштението на ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.