Зиадин Нуредини повеќе нема да биде вршител на должноста директор на основното училиште „Башкими“ во Гостивар. Оваа информација тој тукушто ја потврди за „Слободен печат“.

Сфатив дека најдобро е да не побарам продолжување на мандатот и денеска по средбата со градоначалникот Арбен Таравари, одлучив да се повлечам од функцијата. Мораше така да биде за да се смири ситуацијата, и да не се оцрнува ниту моето име, ниту името на училиштето и градот. Криво ми е што се случи ова, јас навистина дадов се од себе за да излеземе во пресрет на потребите на ученичката Ембла, но не мислат сите така, рече Нуредини.

Тој беше директор на училиштето „Башкими“ една година и шест месеци, а неговиот мандат истекол на шести февруари. Нуредини ќе продолжи да работи како наставник по физичко во истото училиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.