Професорот Никола Жежов во интервјуто за „Република“ нагласува дека целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.