Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември.

Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.