Мухамед Зекири е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од скопскиот затвор во Шутка за Телма. Судот одобрил трансфер на поранешниот генерален сексретар поради сомнежи за евентуално труење, по што тој вчера попладне бил пренесен во болница.

Од затворот за телевизијата одговорија дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зекири не е префрлен во арестантското одделение наменето за притвореници и осуденици туку е однесен на Инфективната клиника.

Од Кривичниот суд велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.

Денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена притвор. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.