Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ по повод Денот на ослободувањето на Гевгелиј потсети на вредностите на НОБ, на темелите на антифашизмот и борбата за слобода и еднаквост на македонскиот народ, врз коишто почива создавањето на современата македонска држава.
-СДСМ почива на вредностите на НОБ, ние сме тој континуитет. На тие цврсти темели почива и создавањето на македонската држава. Нашите предци, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава, рамноправна со другите држави и народи. Нашата борбата, на сегашната генерација македонски политичари е со политички средства, со храброст и визија да се избориме за европска иднина на македонската младина. Да бидеме дел од големото европско семејство државотворни народи, силни и побогати, со сигурна иднина за младите, рече Зечевиќ.
Генералниот секретар, Миле Зечевиќ додаде дека СДСМ 31 година е на вистинската страна на македонската историјата и преставува континуитет на државничките политики. Од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик. Тој  ги повика сите членови и симпатизери на партијата на максимална мобилизација за остварување на овој национален интерес поставен уште од независноста.
-СДСМ е државотворна партија која го предводи овој европски концепт за Европска Македoнија. Улогата, активизмот на секој македонски социјалдемократ, на секој наш член е од големо значење. Обединувајте, подавајте рака, разговарајте. Време е за национално обединување за македонската европска иднина. На вредностите на НОБ кои сите ние ги чуваме и вреднуваме, да ја изградиме европската иднина за младите, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на вечерашната средба со членовите од општинската организација на партијата во Гевгелија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.