Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при денешното негово обраќање во Собранието побара да се изнајде начин да се помогне на семејствата, на младите родители кои што решиле да останат во Република Македонија при добивање на 3 или четврто дете.
Предлагам член 77 став 1 да се дополни дневниот ред со Закон за заштита на децата односно имаме предлог да се избрише членот 38 став 3 каде што имаме еден дополнителен услов. Да прецизирам за јавноста ова е познато како Закон за трето дете каде што имаме условување во однос на приходите кој како може да оствари право за она што го викаме закон за трето дете и во ситуација на овакви говори, економски шокови, инфлации и така натаму гледаме дека се повеќе осиромашен народ, меѓутоа и според Државниот завод за статистика гледаме дека детската сиромаштија во пораст, гледаме се повеќе семејства се во социјален ризик затоа сметам дека мора да се изнајде начин да се помогне на семејствата, на младите родители кои што решиле да останат во Република Македонија – рече Здравковски.
Здравковски во текот на своето обраќање посочи дека по укинувањето на додаток за трето дете од страна на тогашната министерка, Мила Царовска има намалување на новородени деца од 17.8%.
За потсетување до пред 2018 важеше пред никакви услови и без никаква зависност од висината на приходите на мајката или на семејството и сите родители кои што добија 3 или четврто дете и имаа право да ги користат овие средства од државата, но тогаш се постави еден услов кој што кажува дека нели под минимална плата сите тие кои што имаат ќе можат да ги користат овие права. Со едно образложение од страна на тогашната министерка Мила Царовска која што велеше дека не било оправдано, но кога ќе ги видиме овие статистички податоци од државниот завод за статистика гледаме во периодот на важноста на овој закон за трето дете како што го викаме народски имаме намалување на наталитетот од -0.5 проценти во рок од оние години кога важеше од 2009 до 2017 година, за по укинувањето да видиме дека за само 4 години имаме намалување од 17.8% на новородените деца во однос на претходните години и тоа е една загрижувачка бројка. Тоа е една бројка која кажува дека има се помалку млади во Република Македонија или пак од друга страна младите не решаваат да имаат дополнително новороденчиња затоа што е терет и на Буџетот со кој што располагаат и на сето тоа што си го носи семејството со себе како тропок. Инаку во Србија од 2022 година за секое новороденче се дава по 100.000 динари, за второ дете се дава дополнително месечно по 12.000 динари, за трето дете се дава дополнително месечно по 10.000 во рок од 10 години и така натаму – додаде Здравковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.