Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум, исто како и вие дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.
Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.
И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.
Таа оддаде почит и на како што кажа 100 – процентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан.
Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Ја отвораме вратата на единствениот европски пазар во одредени сектори за компании од Македонија, а за возврат вие ќе спроведете важни реформи за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции од ЕУ во Македонија. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Македонија. Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст, рече претседателката на ЕК.
Таа нагласи дека Планот за раст ќе испорача мошне конкретни резултати за луѓето и за бизнисите, наведувајќи дека земјата е на добар пат да стане дел од тн зона на единствено плаќање во ЕУ, што ќе овозможи преносот на парите помеѓу Македонија и ЕУ да се движи побрзо, побезбедно и слободно.
Фон дер Лајен се осврна и на Заедничкиот инвестициски фонд за ЗБ, иницијатива која е воспоставена пред четири години и преку која во земјата се мобилизирани 1,7 милијарди евра во инвестиции со фокус на транзицијата кон чиста енергија. Таа нагласи дека една четвртина од производството на енергија во земјава отпаѓа на обновливи извори на енергија, а целта е тоа да се зголеми. Во таа насока ги посочи инвестициите во Осломеј и термоелектраната РЕК Битола кои треба да работат на соларна енергија, ветерниот парк во Богданци, како и во чист транспорт за подобра поврзаност меѓу регионот и Европа, односно во железничтаа инфратсруктура.
Ова навистина го вклучува можне важниот проект за железничкиот Коридорот 8 со кој се поврзувате со Албанија и Бугарија, а го имаме и Коридорот 10 којк што минува од Грција кон Будимпешта и минува низ целата ваша земја. Овие инвес ќе ја претворат СМ во клучлен транспортен центар и тоа ќе донесе серизони придобивки за луѓето од СМ, вели Фон дер Лајен.
Во однос на соработката во граничната заштита, Македонија, рече таа, е петтата земја надвор од ЕУ каде има тим од Фронтекст и каде во изминатите две години повеќе од стотина граничари ги поддржуваат локалните власти за да се спроведуваат проверките и надзорот, а се во насока на подготовка на земјата за иднината, односно полноправното членство. Првиот човек на ЕК укажа и на солидарноста на Брисел со земјава во однос на справувањето со шумските пожари во текот на летово преку активирањето на механизмот за цивилна заштита во два наврати и мобилизацијата на шест воздухоплови и три хеликоптери. Порака упати и во однос на очекувањата на младите од земјата, во однос на нивната иднина.
Пред три години на славењето на 30 годишнина на вашата земја, запознав млади луѓе и беше навистина убаво да се види како тие копнеат за нивната идина – младите луѓе на ЗБ, младите луѓе во Македонија, младите луѓе во ЕУ. И мислам дека младите луѓе никогаш нема да ни простат ако не одговориме на овој предизвик. Затоа треба да направиме Македонија да биде дел од нашата ЕУ, порача Фон дер Лајен.
Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат почитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.
-Владата, високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката, рече Мицкоски.
Веруваме, додаде тој, во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.
-Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, посочи премиерот Мицкоски изразувајќи благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.
По прес – конференцијата претседателката на ЕК во рамки на еднодневната посета на земјата треба да се сретне и со шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.