Заврши средбата на мешовитата Комисија Комисија за историски и образовни прашања, но без конкретен договор во однос на содржината на учебниците за 7 одделение во Македонија
Првиот човек на македонската страна од Комисијата, Драги Ѓорѓиев во изјава за медиумите средбата ја оцени како позитивна, но откри дека немало никаков конкретен заклучок во врска со дискутираната тема.
Дискутиравме отворено, имаше конструктивна атмосфера. Дискутиравме за учебниците од 7 одделение во македонскиот образовен систем и забелешките на колегите од Бугарија во однос на тие учебници. Разговаравме за дневниот ред кој веќе две три седници наназад се провлекува и мислам дека имавме една позитивна атмосфера во разговорите. Продолжуваме утре во 9:30 часот. Денеска дискутиравме само за учебниците, но се уште нема никаков конкретен резултат или конкретен заклуччок. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема – изјави Драги Ѓорѓиев за 360 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.