Апелациониот суд Скопје остана без претседател откако заврши мандатот на судијката Лидија Димчевска. Судскиот совет во законски определениот рок не ја заврши постапката за избор, иако има пријавено кандидати по огласот кој беше распишан пред три месеци.

Во законот има точно определени рокови, но поради незавршена процедура, утре Советот ќе постави в.д претседател на скопска апелација, кој ќе го води судот до избор на претседател.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.