Новата анкета која покажа двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е реалноста која се случува после овие години на неработење и неспособност на власта и сите скандали што ги следат. Затоа велиме ајде на предвремени избори но и тие ги гледаат овие бројки и затоа се плашат избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервју за „Република“.

Тој објаснува дека оваа власт не донесе подобар живот и оти и владата на Заев и оваа на Ковачевски се група на олигарси кои немаат допир со обичниот народ и не ги гледаат нивните потреби.

Затоа е најдобро да има предвремени избори бидејќи оваа власт не однесе во ендек.Со овие анкети кога и да се случат изборите СДСМ ќе изгуби со премногу разлика, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со преку 20 пратеници разлика и ќе ја формираме следната влада-убеден е Мисајловски во интервјуто за „Република.

Големата бројка на граѓани кои на анкетите одбиваат да се изјаснат за кого ќе гласаат според Мисајловски се должи на страв.

Најголем дел се вработени можеби во државна админстрација и се плашат да ги кажат своите мислења, но затоа постојат и теренски анкети и може да се види процентот на незадоволство кај граѓаните.Ние како партија сакаме да дадеме и надеж и нова енергија дека може да биде поразлично, дека не се сите исти и нешто може да се промени. И затоа треба што повеќе позитивна реторика пред граѓаните.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не треба да изненадува што како главни проблеми во државата граѓаните го посочуваат неефикасниот правен систем, судството и корупцијата.

Дали има правда во Македонија-сите знаеме дека нема.Дали функионираат реформите-не. Довербата во судството е осум посто и тоа ќе паѓа.Револтирани се и земјоделците, откупните цени мали, инфраструктурата је нема, здравството е во колапс, не сакаа да дадат дополнителни 40 денари за студентите-набројува Мисајловски.

Затоа, според него решението е граѓаните масовно да излезат на изборите.

Дома ако седите не се решаваат сите прашања. Да можеби има многумина кои се разочарани но ако останат дома можеби истите ќе останат на власт.Затоа сите против оваа власт.

Мисајловски ја искоментира желбата кај албанските опозициски партии да бидат дел од Владата.

Тие мислат дека со самото влегување во владата дека ќе си ги подобрат своите позиции и ќе бидат појаки пред своите гласачи. Мое мислење е дека тоа е многу погрешно.Прв опонент што овие партии го напаѓале било ДУИ.Напоменувам дека сите албански партии од опозиција влегоа во влада. Беса беше со СДСМ па се скараа, Алијанса беше па се скараа па излезе па сега сака пак да влезе.Сите албански партии влегоа со ДУИ за да бидат дел од Владата.Ова е погрешно кон нивните гласачи и ако мислат дека со нападот кон ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе добијат грешат и се претопуваат дека сите партии во албанскиот блок се едно исто и дека ги контролира ДУИ.Но, тоа е нивна работа но секако ќе им се одрази на следните избори.

Првата година од локалните избори според Мисајловски покажала дека нивните градоначалници се многу поразлични.

Може да се види дека општините се раздвижени во ситуација каде се заглавени со буџети.Во Охрид со годни е блокирана сметката, општина Ѓорче Петров е задолежна над три милиони евра направени се 30 улици за една година.Има чуство дека градоначалниците имаат мотив и желба за работа.Многу е важно што после една година нема скандали туку се посветени да го сработат она што го имаат во програмата.Замислете ВМРО-ДПМНЕ да е власт колку повеќе ќе има проекти и колку повеќе помош ќе имаат претпријатијата што ги раководат општините.

Според Мисајловски има само една причина зошто се одолговлекува носењето на мерките за помош на граѓаните-а тоа е дека нема пари во буџетот.

Многу пати не обвинуваат нас дека нешто кочиме.Но, кога ќе дојдат крупни мерки каде што треба од буџетот да се изгласаат дополнителни средства тогаш секој може да сфати дека во буџетот нема пари и затоа се обидуваат да ги пролонгираат сите мерки.Навистина нема пари во буџетот за сите мерки.Ние ги молиме како опозиција да се закаже седница за овие мерки.Не може сериозна држава каде инфлацијата стигна до 20 посто да не можат да обезбедат уште 40 денари за студентите.Ако сакаме силно општество мора да се најдат пари за овие млади луѓе бидејќи тие се оние кои утре треба да ја водат државата.Во спротивно ќе си заминат бидејќи се разочарани.Сите овие мерки се колку да се спомне пред народот и многу малку луѓе ќе ги почустуваат.Буџетите што СДСМ ги предлага се најголеми во историјата а нема средства ниту за пензионерите, ниту за поголеми плати за работниците.

Мисајловски објаснува дека автопатите и патиштата што СДСМ ги гради по се изгледа никој не може да ги види.

Јас можам да ги видам сите проекти кои ги водеше ВМРО-ДПМНЕ.Дел беа реализирани, дел требаше да се преземат и да бидат готови како што е автопатот Кичево-Охрид на кој не мрднаа со прст, потоа Градско-Прилеп.Сите овие проекти беа на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема ниту еден свој проект да го испроектира, да го пушти во реализација, да обезбеди средства.Пример еден километар не можат да направат кон Блаце.Најголем проблем е што не ги интересираат проекти туку сакаат само да лажат. Велеа дека ќе има 1000 километри експресни патишта, 600 километри автопати, па дека се гради Клиничкиот центар во Ѓорче Петров- а дали некој го видел тој Клинички центар.Кога се работи за проект во инфраструктурата на СДСМ не му е гајле и гледаат како да направат некој договор, тендери, пари моќ.Тоа е СДСМ.

Мисајловски е убеден дека ако се работи на Кичево-Охрид автопатот може да се заврши.

Ако работат ќе го завршат,но проблемот е што не се работи и како поминува време се гледа дека тоа што го направиле застарува.Рокот го продолжија и сега најверојатно во Собранието ќе бараат ново одложување .Јас искрено сакам да се изгради и што побрзо да биде пуштен само треба да се продолжи со работа.

Тој ги наброи и капиталните прокети кои треба да се реализираат штом дојдат на власта.

Тоа е клиничкиот центар, нови автопатим посебно од Скопје кон Битола, пругата кон Бугарија.Потребни се вложувања и во енергетиката и во животната средина.Сите забележуваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт има многу проекти и градежна офанзива, подобра економија и тоа го препознаваат. Затоа брендот ВМРО-ДПМНЕ е работа- вели потпретседателот на партијата.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.