Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г Стефан в недела, 3 септември, во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе ја раководи неделната архијерејска литургија, а по повод завршувањето на фрескоживописувањето на целата внатрешност на тетовската соборна црква.
Од Тетовско-гостиварската епархија информираат дека покрај архиепископот, на архијерејската литургија ќе сослужуваат и тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф и митрополитот брегалнички г. Иларион, како и други свештеници на МПЦ-ОА.
Црквата Свети Кирил и Методиј почнала да се гради во 1903, а била завршена 1918 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.