Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците.
Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов.
Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.