За владата предводена од СДСМ приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните, покачување на платите и справување со најголемата економска и енергетска криза, велат од СДСМ.
Владата и ССМ го започнаа социјалниот дијалог за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор.
На состанокот со репрезентативниот синдикат веќе е утврдена рамката на разговорите преку кои треба да се дојде до решение. Таа го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето, или 4.333 денари бруто, за сите во јавниот сектор. А, ќе се разговара и за враќање на регресот за годишен одмор (К-15).
СДСМ го вреднува трудот на работниците и продолжува со политиките за дијалог и инзаоѓање одржливи решенија што значат подобар живот за граѓаните и повеќе приходи во семејните буџети, стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.