Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство.

Засега, нема подетални информации во врска со случајот.

Претходно, дел од медиумите пренесоа дека постојат сомнежи за ненавремено преземени мерки за да се спаси животот на бебето во Битолската болница



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.