Претседателката на ЛДП Моника Зајкова пред денешната средба на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на владината коалиција повика на разум и проактивност кај сите политички партии во државата со цел земјата да продолжи кон евроинтегративниот пат.

– За темите на денешнава средба дознавме синоќа од вас медиумите. Она што ЛДП може да повика внатре, доколку тоа бидат темите на разговор е на разум и проактивност на политичките партии. Сите имаме свои политички програми и заложби што треба да ги оствариме за граѓаните да живеат подобро, меѓутоа сега на сите треба да ни е поважно како понатаму ќе го продолжиме процесот на евроинтеграција. Затоа сметам дека не е време за условување или калкулации. Но, да повикаме на единство и разум, сите заедно да продолжиме да ја движиме државата напред, изјави Зајкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.