Уставни измени со одложено дејство се добра и можна опција што треба да се искористи за откочување на еу интеграција, сметаат во опозициската ЛДП. Претседателката на партијата Моника Зајкова вели дека во заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија никаде не е зададена обврска на земјава кога уставните измени да стапат во сила. Со ваквиот став Зајкова се доближи до ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на спорот со Бугарија.

Идејата за одложено дејство ја добила од разговори со партнерските либерални партии од Европа, од каде и биле посочен Брегзит и протоколот од Виндзор кога проблемот во имплементацијата бил решен преку толкување.

Зајкова вели дека и додека била дел од владата на поранепниот премиер Димитар Ковачевска сугерирала да се изнајде начин заклучоците на Советот во делот за уставните измени да се спроведат без штета за земјава. Според неа, ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на ЕУ процесот.

Премиерот Мицкоски вчера, по средбите на Самитот на Берлинскиот процес и со германскиот државен врв, изјави дека е поголем оптимист за откочување на ЕУ интеграцијата на земјава. Тој дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите.

Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие држави што даваат поддршка на ваквата македонска позиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.