Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите, бара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата Аргумент плус на ТВ 24.

Зајкова вели „немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за кој треба да зборуваме“.

За жал живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови – рече Зајкова.

Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.