Се вадат ли афери за дневно-политички интереси?! Се оцрнуваат ли имиња, се уништуваат ли кариери за лични и партиски интереси? Се користат ли лажни афери за уцени да се добие нешто?!

Се распрсна уште една лага од кујната на СДСМ поврзана со лидерот на ВМРО-ДМНЕ. т.н афера „Делчевски ниви“ која власта ја форсираше е запрена од страна на Основното јавно обвинителство кое во петокот донесе одлука да запре истрагата за овој случај поради недостик на докази.

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.

Членот на Управниот одбор на ЕВН ’Македонија‘ АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата“, велат од ОЈО Скопје за Радио Слободна Европа, нагласувајќи дека неговиот исказ бил круцијален бидејќи тој е заштитник на државниот капитал во случајот.

„Делчевските ниви“ станаа предмет и на партиски препукувања – СДСМ ја прозиваше ВМРО-ДПМНЕ поради поврзаноста на дел од инволвираните со партијата и прашуваше дали парите завршиле во „Белиот дворец“.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираше дека има каква било врска со предметот, а Христијан Мицкоски „охрабруваше“ ист третман од обвинителството да добијат сите продавачи на парцели и најавуваше тужби за клевета.

И медиумите кои се под контрола на СДСМ постојано објавуваа натписи во кои се тврди дека случјот води директно до Мицкоски. Беа демантирани дури и од омилениот обвинител на власта Гаврил Бубевски. Тој минатата година во интервју беше јасен дека парите од предметот се на сметките на продавачите а не во ВМРО-ДПМНЕ.

Парите или се орочени или се останати на сметките-велеше Бубевски.

„Преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин. Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во Белиот дворец“, обвини тогаш Славјанка Петровска од СДСМ.

Завршиле ли парите во Белиот дворец за кој говори Славјанка? Ќе одговара ли некој за обидите за дескредитирање на личности и директните обвинувања кои беа адресирани до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, и уште неколкумина околу него?!

Истрагата опфаќаше купопродажба на 48 парцели чија пазарна вредност обвинителството ја процени на речиси 35 000 евра (2 146 723 денари). Меѓутоа, тие биле продадени на ЕВН Електрани за 1,6 милиони евра (99 431 060 денари). По правосилноста на одлуката за запирање на постапката, ќе бидат одмрзнати и парите кои беа замрзнати на сметките на до неодамна осомничените продавачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.