Нашиот македонски сон стана реалност !
Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Вчера во свечената сала на Владата на Република Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Cеверна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.
Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК !
Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата…
Успеавме !
МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет !
Радувај се мој македонски народе !
Испишавме историја !
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.