НАТО е реформи. НАТО значи и владеење на правото, НАТО значи и успешна борба против криминалот и корупцијата. НАТО значи економски реформи во државата, но и подготвеност на нашата Армија, вели експремиерот Зоран Заев.
Тој во документарниот филм „Патот до НАТО“, подготвен од „Нексус“, вели дека членството во НАТО, но и решавањето на спорот за името со Грција придонело за земјите од регионот, особено Македонија и Грција, од политички непријатели да станат соработници.
Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Во таквите мулти-ефекти веднаш се случија економските придобивки меѓу Македонија и Грција. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот – вели Заев.
Експремиерот додаде дека Грција од еден политички противник, денес испорачува гаранци иза безбедноста на македонското небо, а со тоа и за целокупната безбедност на земјава и целиот НАТО регион.
Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот. Така да, Грција, од еден политички противник со проблем, денес испорачува гаранции за безведноста на македонското небо – вели Заев.
Според него, по потпишувањето на веднаш се случиле економските придобивки меѓу Македонија и Грција и се постигнало политичко пријателство меѓу земјите на Балканот.
Тој потенцира дека со членството во НАТО се подигнале дигнитетот и стандардот на професионалните војници.
Ако претходно на оглас за 200 војници се пријавуваа 50 до 70 кандидати, денес за 200 места се пријавуваат 2000 кандидати, затоа што стандардот им е повисок, соодветно се опремени и облечени, имаат соодветни тренинзи, севкупниот дигнитет на професиојата професионален војник е подигнат – оценува Заев.
Според него, убаво е и чувството на војниците кои учествуваат рамо до рамо со сојузниците во мировните мисии.
Тоа е нешто што за секој еден поединец, веројатно така и за нашите војници, останува траен животен печат со кој што можат да се пофалат на внуци, на деца во иднина за нивото лично искуство – вели Заев и додава дека нашите војници денес учествуваат во вежбите на НАТО, учествуваат во најмодерните академии и школи и, како што вели, придонесуваат за светскиот мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.