Во денешното обраќање на Бојан Јовановски тој се осврнува и на односот кој го имале со сега покојниот Жарко Луковски и на неговата комуникација со Зоран Заев. Боки тврди дека тој лично го споил Заев со Луковски и оти изработиле милионски проекти.
Во „скриншотовите“ што ги објави Јовановски се гледа комуникацијата на Заев со Луковски и како поранешниот премиер го советува да видат со Рашковски.
Во друга порака Луковски му потврдува на Заев дека се виделе со Рашковски и оти „споделиле компетно идентични мислења“
Нели Жарко Луковски беше режимски директор од времето на Груевски и кум на Мијалков… еееххх друже Зоки со ова се гледа целата твоја фасада, политичко манипулирање и жонглирање. Пред гласачите рушеше режим, а во кабинетот се полнеше со пари!!!-пишува Јовановски.
Боки ја достави и целата комуникација со покониот Луковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.