Политичките партии од власта и опозицијата полека ги приближуваат ставоците околку тоа дали треба да има одвоени или заеднички претседателски и парламентарни избори.Ако до вчера СДСМ беше одлучно против сега и владејачката партија го менува ставот.Ништо против за споени избори избори нема ниту ДУИ.

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вчера рече дека неговата партија ќе излезе со свој став во однос на тајмингот и моделот за изборите.

Уставните измени се токму за продолжување на европскиот пат на државата. Сега зависи исклучиво од нас. Сега зависи од тие 120 пратеници во Собранието. И ако ме прашате дали има доволно пратен

-Во однос на изборите, на тајмингот и во однос на моделот дали одвоени или заеднички тоа ќе биде одлучено на заедничка средба меѓу сите политички партии што учествуваат во овој изборен циклус. Различни партии имаат различно гледање во однос на законските обврски во однос на трошоците кои произлегуваат, но сметам дека пред нас имаме доволно време за да договориме се како што е потребно за да Македонија го продолжи својот пат кон градење на исклучително ниво на демократско општество, рече Ковачевски.

Истакна дека СДСМ како водечка партија во Коалицијата, ќе излезе и со свој став и тој ќе биде хармонизиран со сите и, како што рече, ќе можеме да одиме на избори во 2024 година.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против н

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори ставот на партијата за организирање на претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Најави дека ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори.

-Се уште официјално не сме ги определиле носителите на изборните листи, иако јас сам за себе се претставив како потенцијален носител на листата кандидати за пратеници во изборната единица број 1. Набргу од денеска, јавноста ќе ги знае носителите на останатите изборни единици. Ние, исто така се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат зад кој ќе застанат ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, истакна Мицкоски.

На денешната прес конференција од седиштето на ДУИ, Бујар Османи, ја презентираше новата телефонска Платформата, со која на сите граѓани на Република Македонија, ќе им се пружи поддрш

-Во ДУИ преовладува мислењето за одржување парламентарни избори истовремено со претседателските. Партијата се уште нема официјален став во однос на ова прашање, но се прават координации на дневна основа и сите опции се отворени, истакна министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Османи нагласи дека за ДУИ, сепак, се прифатливи двете варијанти.

-Во ДУИ преовладува малку ставот дека, заради логиситички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди. Но, нема се уште утврден став бидејќи не заседавале официјално телата на партијата. Јас очекувам во текот на месецот да се завршат тие состаноци, но сепак преовладува мислење дека на три месеци, два изборни циклуса, премногу ќе ја чинат државата. Не само финансиски, туку системот се парализира, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.