Адвокатот Јанаки Митровски кој деновиве ја прекинал соработката со неделникот Фокус затоа што му била цензурирана колумна денеска го објавува целиот текст кој не им се допаднал на газдарицата Билјана Младенова и уредничката Мулачка или некој моќен човек во владата.

Митровски смета дека јавноста треба да знае што пишува во текстот кој е проблематичен за менаџментот на Фокус или некој помоќен што наредил тој да не биде објавен по што самиот ја објавува целосно:

СЕЉАЧИНА
На минатата собраниска седница, додека на собраниската говорница говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, по нејзино кажување вицепремиерот за некакви интеграции Бојан Маричиќ и намигнал и и испратил бацка. На ова пратеникот Дафина жестоко реагираше, со право, дека такви постапки може да си ги зачува за дома. Ова, во препознатглив стил за пратеничката, беше зачинето со пар епитети од кои предничеше ЛИГАВ ЕДЕН.
Подоцна на истата седница, кога бараше оставка од Маричиќ до неа застана целата пратеничка група на ДПМНЕ во знак на поддршка, а пратеничката побара ако самиот Маричиќ не си даде оставка тогаш премиерот Димитар Ковачевски тоа да го стори и да му ја прекрати и онака несликовитата политичка кариера на вицепремиерот.
На социјалните мрежи Маричиќ остро дематнираше и тврдеше дека се работи за долни измислици а Дафина со цел негово оцрнување и нарушување на неговиот углед. За каков углед станува збор никој не знае. И така овие препукување на релација Дафина и Боијан траеа неколку дена, а богами и сеуште траат.
На помош на вицепремиерот за бифтеци, како што тоа редовно бидува, дојдоа борците за демек правда, извесни цивилни лица, кои заземаат страна и тврдат дека Дафина дезинформира односно дека измислува и лаже. Како тоа го утврдија еден бог знае, но свикнати сме да овие квази невладини организации се однесуваат како последен партиски испрдок на СДСМ. Едноставен преглед на нивната веб страница и е јасно дека единствената задача им е да ја сатанизираат опозицијата без ниедна суштинска критика за владеачката параетија која седум години е власт.
Силен беше и молкот на невладините кои се борат за правата на жената, кои пред само година две водеа кампања СО НЕА СМЕ. Една полуидиотска кампања која и најобичен флерт го стигматизираше како сексуално вознемирување, сега не сака да реагира од единствена причина дека се работи за пратеничка која доаѓа од партија што не им е омилена и со тоа си го покажуваат сопственото лицемерие, а не е прв пат.
Дафина ја запознав кога ја поднесовме иницијативата за носење на Закон за амнестија за настаните од 27 Април. Секогаш сум бил отворен дека не гаам симпатии кон таа партија, немам амнезија за нивното владеење, и единствено оваа госпоѓа ми остави впечаток на искрен борец, која несебично се даде за таа кауза, а и имаше одлично образложение на предлог законот.
Да бидам искрен и да не бидам лицемерен и кон пратеник Дафина, реално од неутрална позиција немаме во овој момент како да процениме кој ја говори вистината, Бојан или Дафина. Но таа дилема се решава многу лесно. Просто се вадат камери и се гледа дали Бојан праќал бацки и намигал или не праќал бацки и не намигал. И тоа и го побара и самата пратеничка.
И токму фактот дека собраниските служби не сакаат да ги покажат камерите мене ме убедуваат дека Дафина ја говори вистината. И оттука сметам дека господинот Маричиќ, кој седма година паразитира на наша сметка, е една обична сељачина на која местото не и е во Влада. Така пријателе да се однесуваш со мајка, сестра или
внука, во Собрание НЕ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.