Две министерски функции, две заменички и неколку директорски функции го фрли во втор план барањето на претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари за бришење на 20 проценти за албанскиот јазик во македонскиот Устав.

Имено, минатата година Таравари побара официјална употреба на албанскиот јазик кој смета дека тоа треба да се направи кога ќе се вметнат Бугарите во Уставот, што всушност е услов наметнат со усвојување на таканаречениот француски предлог за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската нија, го заборави своето барање. Но, освен ова Таравари најави еден пакет од пет барања доколку во парламентот се почне со дебата за менување на менување на највисокиот правен акт на државата. „Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје.

Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие“, рече Таравари и го најави барањето за бришење на одредбата 20 проценти од населението кое зборува јазик различен од официјалниот јазик и наместо тоа да се стави албанскиот јазик. „Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа.

Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми“, изјави Таравари.

Но, и покрај најавите за овој сет на барања од Таравари, се пропадна во вода откако вчера и официјално соопшти дека станува дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ за која до вчера ја нарекуваше криминална. Со само неколку министерски и директорски позиции за кои соопшти дека успеал да ги испреговара, Таравари воопшто не го спомна барањето за бришење на 20 проценти од населението и ставање на албански јазик како официјален јазик.

Ниту Ковачевски, ниту пак Таравари кажуваат што точно е преговарано на средбите во Владата, и дали воопшто паднало некаков договор по однос на ова и дали пак ова беше само обид за земање на што поголем дел од владиниот колач ќе се покаже во следниот период, но сигурно е дека барем сега за сега, претседателот на Алијанса за Албанците Таравари се задоволи со две министерски и неколку директорски места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.