Во последните три дена (од 26.08 до 28.08.2022), регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.561 тестови, пријавени се вкупно четири починати лица, две преку системот „Мој термин“ и две во последните три дена, евидентирани се и 698 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 389 случаи, од Скопје се 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по  4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево  и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.