Смирување на тензиите и деескалација на состојбата на северот во Косово, повика претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања.
-Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи на Твитер.
Тој додаде дека во овој момент од клучно значење е зачувувањето на мирот и стабилноста, најавувајќи притоа дека многу скоро повторно ќе ја иницира посетата на Митровица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.